Некомплетниот Металург утре патува за Лисабон

13.09.2018 12:22
GIL_0612_resize

Утре, рано наутро, Металург патува за Лисабон каде ќе го одигра натпреварот со екипата на Спортинг Лисабон, во рамките на првото коло на Лигата на шампионите.

Данило Брестовац повторно го чека еден натпревар на кој не ќе може да смета на комплетен состав со кој располага Металург, бидејќи на листата на повредените се уште фигурираат Мартин Велковски и Томи Јагуриновски. Марио Танкоски, пак, ќе патува за Лисабон, но вистинско прашање е во која мера тој ќе може да му помогне на својот тим.

Не чека натпревар со сериозна екипа, која располага со цела низа на искусни ракометари. Нашиот, пак, проблем е што и на овој натпревар нема да бидеме комплетни. Велковски и Јагуриновски остануваат во Скопје, а Танковски ќе патува, иако не е 100 % подготвен. Добра вест е што во тимот за прв пат ќе ги имам средниот бек Лука Стојановиќ и пикерот Адријан Миличевиќ, што ќе ми даде малку поголема слобода во ротациите. Секако дека сме оптимисти, но за да се извлече добар резултат во Лисабон ќе треба да се поклопат многу коцки. Ќе треба да играме дисциплинирано и паметно. Принудени сме да се базираме на помал број на ракометари и од играта на секој од нив ќе зависи и исходот на средбата. Имаме уште малку време за подготовки, ќе одработиме уште два тренинга, а ќе имаме и две видеоанализи“, вели Брестовац.

Металург патува утре сабајле, со лет од Скопје, преку Загреб до Лисабон.

Во Лисабон ќе заминат 13 ракометари: Томовски, Даниловски, Јагањац, Лазаревски, Димитриоски, Токиќ, Шилегов, Танкоски, Серафимов, Маџовски, Арсеновски, Стојановиќ и Миличевиќ.

Прочитано 535 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 1