НЕКСЕ Е СТАР ДОЛЖНИК НА МЕТАЛУРГ

04.10.2013 19:51
Najava_utakmica_naslovnica_resize

za tekst

Екипата на Нексе е една од ретките што има позитивен биланс во натпреварите против Металург. Во досега одиграните четири средби хрватскиот претставник има биланс од две победи и по еден пораз и нерешен резултат. Особено се непријатни неговите успеси во нашата тврдина, “Автокоманда“, не толку поради нерешениот резултат од пред две години, колку поради ланскиот пораз, со кој е прекината нашата серија од 585 дена без пораз во “Автокоманда“.

Утрешната средба е добра можност да наплатиме дел од старите долгови.

Средбата почнува во 17.45, а се игра во салата “Борис Трајковски“.

Напоменуваме дека утре, од 12 часот, влезници ќе можат да се купат и на касата во СЦ “Борис Трајковски“.

Исто така, напоменуваме дека во салата ќе работи нашиот фан-шоп, каде ќе можете да се снабдите со новиот фан-дрес на Металург.

dres_resize

Прочитано 1.275 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 6