НЕКСЕ ПОВТОРНО КОБНО ЗА МЕТАЛУРГ

27.02.2014 21:40
930_1393539345_resize

za tekst

Металург ја загуби средбата од 14. коло во Гаспром СЕХА регионалната лига, против екипата на Нексе, најнезгодната екипа за нашиот тим. Во шест досегашни средби имаме само една победа, два порази и три нерешени средби. Со овој пораз повторно ги намаливме шансите за пласман на фајналфорот на СЕХА лигата и не ги искористивме киксевите на екипите на Вардар и на Брест Мешков.

Првото полувреме помина во интересна и израмнета борба, во која, сепак, домашната екипа го диктираше темпото. Нексе поведе со голот  на Етер, а израмни Кеџо, во следниот напад. Во наредните минути екипите наизменично постигнуваа голови, се до резултат 3:3, но потоа следуваше серија од 3:0 на домашниот состав, за предност од три гола, 6:3. Пецаковски во 15 минута го намали резултатот на 8:7, а потоа повторно видовме два гола на Нексе, за 10:7. Од 23. минута ситуацијата на теренот се промени во наша корист. Металург постигна пет невозвратени гола и го заврши полувремето со предност од два гола, 10:12.

Георгиевски прв се запиша во листата на стрелците во второто полувреме и ни донесе водство од три гола, 10:13. Во тој момент се чинеше дека Металург конечно го скрши отпорот на противникот и дека не очекува мирна завршница на средбата. На жалост, наместо тоа, екипата на Нексе, со неверојатна серија од 9:1, го врати водството, 19:15, кое го задржа до самиот крај на натпреварот. Во 54. минута Нексе го имаше своето највисоко водство од седум гола разлика, 26:19. Средбата заврши со резултат 27:23.

Интересно, втора средба по ред ни суди истата судијска двојка, Мошорински и Панџиќ, што е вистинска реткост во СЕХА лигата. Да се потсетиме, тие судеа и на претходниот натпревар во Брест, кој исто така го загубивме.

Нексе – Металург 27:23 (10:12)

Нексе: П. Лелиќ (6 одбрани), Вешлигај, Пивац (6 одбрани), Буреш, Етер 6/7, Ф. Лелиќ 3/4, Мрџеновиќ 1/2, Томас 1/1, Кружиќ 1/1, Јурјевиќ 3/9, Соколиќ 0/3, Павлетиќ 3/4, Дундовиќ, Вегар 2/6 и Ивиќ 7/10.    Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 4 минути.

Металург: Станиќ (без одбрани), Мијатовиќ (12 одбрани + седмерец), Ојлески 2/2, Димовски 1/1, Пецаковски 2/5, Георгиевски 3/4, Манасков 1/1, Миркуловски 1/3, В.Маркоски, Н.Маркоски 1/1, Циндриќ 3/6, Кеџо 2/5, Мојсоски 1/2,  Јоновски, Мандиќ 4/6 и Пешевски 2/3.    Седмерци: 3/3.      Исклучувања: 10 минути.

Судии: Мошорински и Панџиќ од Србија.

Прво полувреме: 1:0 (1 м.), 1:1 (Кеџо, 2 м.), 2:1 (2 м.), 3:1 (3 м.), 3:2 (Георгиевски, 4 м.), 3:3 (Димовски, 5 м.), 4:3 (6 м.), 5:3 (8 м.), 6:3 (9 м.), 6:4 (Манасков, 10 м.), 6:5 (Циндриќ, 11 м.), 7:5 (12 м.), 7:6 (Кеџо, 13 м.), 8:6 (14 м.), 8:7 (Пецаковски, 15 м.), 9:7 (18 м.), 10:7 (21 м.), 10:8 (Циндриќ – седмерец, 23 м.), 10:9 (Мандиќ, 24 м.), 10:10 (Миркуловски, 25 м.), 10:11 (Мандиќ, 29 м.), 10:12 (Н.Маркоски, 30 м.).

Второ полувреме: 10:13 (Георгиевски, 31 м.), 11.13 (32 м.), 11:14 (Георгиевски, 33 м.), 12:14 (36 м.), 13:14 (37 м.), 14:14 (38 м.), 14:15 (Циндриќ, 38 м.), 15:15 (38 м.), 16:15 (39 м), 17:15 (40 м.), 18.15 (42 м.), 19:15 (43 м.), 19:16 (Мандиќ, 46 м.), 20:16 (47 м.), 21:16 (47 м.), 22:16 (48 м.), 22:17 (Мандиќ, 48 м.), 22:18 (Пешевски, 50 м.), 22:19 (Мојсоски, 51 м.), 23:19 (52 м.), 24:19 (53 м.), 25:19 (54 м.), 26:19 (54 м.), 26:20 (Пецаковски, 56 м.), 26:21 (Ојлески – седмерец, 58 м.), 26:22 (Пешевски, 59 м.), 27:22 (60 м.), 27:23 (Ојлески – седмерец, 60 м.),.

 

Прочитано 3.282 пати

(7) Коментари

  1. Vi pravat serija od 9:1, a vie povtorno gi spomenuvate sudiite,
    Ova apsolutno ne drzi mesto.Posle velicestvenata pobeda protiv Barsa, ova e slakanica za otreznuvanje.
    Barajte gi pricinite za porazot vo sopstvenite redovi, a ne kaj sudiite.
    Pozdrav!

    • Судиите ги наведовме како куриозитет, но, кога веќе спомнувате серија од 9:1, до таква серија се доаѓа на различен начин – со наша лоша игра, со дебела помош на судиите и тн.

      • Pak sudiite, samo sega so debela pomos. Dajte ve molam za malku objektivnost.
        Koga pobeduvame sme najsilni na svetot,a koga gubime toa e zaradi sudiite.
        Ve molam.
        Gi gledam site utakmici na Metalurg vo Ligata na Sampionite, iako ne sum od Skopje,
        taka da mislam deka nie kako navivaci zasluzuvame malku pogolema objektivnost i samokritika od vasa strana.
        Ednostavno kako sto sme golemi vo pobedite da bideme golemi i vo porazite.
        Imame samo edna pobeda protiv ovoj protivnik, a nie samo sudiite…

        • Како ќе ја наречете помошта ако во 53 минута, кога се кршеше резултатот, судиите во исти момент исклучуваат тројца наши ракометари, а противникот во тие две минути ви дава три гола ?

          • Ocigledno “navivacot” ne gi gledal natprevarite i pisuva napamet. Premnogu “slucajnosti” ima vo poslednive dva natprevari.

  2. MIHAJLO ….i se e mozno

  3. Ednas bar bidete realni….ja pobedivme barca , ama redovno gubime od ovie.

Напишете коментар


9 − 7 =