Нексе со историска победа над Загреб. Комплетни резултати од 1. коло на СЕХА-лигата

31.08.2018 11:10
1_original_resize

Во Хрватска се случи вистинска сензација – се најде тим кој може да го совлада “вечниот шампион“ ППД Загреб. Во натпревар од првото коло на СЕХА-лигата, во Нашице тимот на Нексе славеше со минимални 23:22 (13:9) и ја извојува својата прва победа во дуелите со екипата на Загреб, која сезоната ја води долгогодишниот тренер на Металург Лино Червар.

Со овој натпревар се комплетираше првото коло на регионалното натпреварување.

.

Резултати:

Стеауа Букурешт – Татран Прешов  26:25 (12:16)

Железничар Ниш – Војводина  20:27 (10:13)

Вардар – Металург  34:28 (17:15)

Извиѓач – Мешков Брест  29:33 (17:17)

Нексе – ППД Загреб  23:22 (13:9)

.

Во второто коло ќе се сретнат:

Брест Мешков – Металург   (5 септември, во 17.15 часот по македонско време)

Вардар – Железничар Ниш

Извиѓач – Нексе

Војводина – Татран Прешов

ППД Загреб – Стеауа Букурешт

Прочитано 290 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 2 =