Неочекувано висок пораз на Металург 2 во Прилеп

05.05.2018 22:27
_DSC0209_resize

Во петтото коло на плејаут-фазата на првенството на Македонија, екипата на Металург 2 неочекувано високо е поразена во Прилеп, со резултат 36:27 (16:14). Ова е прва победа на Прилеп во петте досега одиграни натпревари, а извојувана е токму против Металург 2, кој со овој пораз ја загуби предноста од четири бода, што ја имаше во однос на последнопласираниот Прилеп и се најде во ситуација повторно да стравува за својот опстанок во машката Суперлига.

Прилеп сосема заслужено дојде до своите први три бода, бидејќи имаше резултатска предност во текот на сите 60 минути од средбата. Ако во првото полувреме уште и се играше колку-толку рамноправен натпревар, во вториот дел дојде до целосен колапс во играта на Металург 2, кој во дури шест наврати имаше и двоцифрена негатива.

Сега Металург 2 е претпоследен, со само бод повеќе од до вчера отпишаниот Прилеп, а во следното коло нашата екипа е слободна.

.

РК Прилеп – РК Металург 2  36:27 (16:14)

РК Прилеп: Димоски, Амзоски 4, Нашкоски 3, Тодески 1, Јанески, Петкоски 8, Сврпинов, Стојаноски, Крстески, Шокоски 3, Симоноски 1, Бозароски 9, Орданоски, Ангеловски 7, Јосевски и Ангелески.   Седмерци: 6/6.   Исклучени: 4 минути.

РК Металург 2: С.Додиќ 4, Гошевски 4, Л.Додиќ, Василевски, Петковски, Гајиќ 1, Богдановски, Лембанов 1, Младеновиќ 3, Божиновски, Прцуловски, Кондев 4, Митиќ 4, Ристовски, Костески 4 и Кофиловски 2.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Михајло и Методија Илиевски.

Делегат: Јово Василев.

 

Прочитано 143 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 5