Несреќен пораз на Металург

17.11.2018 16:20
AND_1634_resize_resize

Металург се враќа поразен од гостувањето кај Бешикташ во меч од осмото коло на групната фаза на Лигата на шампионите. Во натпревар во кој ги промашивме сите пет седмерци и во кој домашниот голман имаше дури десет одбрани повеќе од нашиот голмански двоец, Металург немаше среќа да освои барем бод, иако со својата игра ги заслужи двата, а имаше и последен напад во кој мораше да реализира.

Видовме комплетно рамноправен натпревар во кој двата тима имаа свои периоди и свои водства. Металург одигра солидно и без кризи кои го следеа во претходните средби. Почетокот мина во испитување на силите и наизменични голови на двете екипи, пред Бешикташ да направи серија и да создаде солидни +3, 7:4. Но, Металург брзо се врати во игра и со своја серија од 4:0 израмни на 10:10. До крајот на првото полувреме двете екипи постигнаа по два гола, за израмнети 12:12, со кои се замина на одмор.

Слично се играше и во вториот дел, во кој најпрво Бешикташ поведе со 15:13, а потоа со иста мера врати и Металург за 15:15. Се до крајот на средбата се играше гол за гол, а најдраматична беше последната минута во која влеговме со 22:22 и во која Прибак постигна гол на 20 секунди до крајот. Металург имаше 12 секунди за израмнување, но брзоплето ја загуби топката, а со тоа и средбата.

Штета, бидејќи Металург одигра храбро и рамноправно, но се чини дека решавачки беа петте промашени седмерци и фантастичниот голман на Бешикташ Хендави, кој одбрани дури 21 удар.

.

Бешикташ – Металург 23:22 (12:12)

Бешикташ: Доне 9, Демирезен 5, Ерсин 3, Ласица 2, Налбантоглу 1, Прибак 1, Сарак 1, Томиќ 1, Билим, Буљубашиќ, Гунај, Хендави, Каратај, Кочаарслан, Нуиќ и Јагмуроглу.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 2 минути.

Металург: Томовски, Даниловски, Танкоски 6, Томиќ 5, Маџовски 3, Рибеиро 3, Шпенде 3, Лазаревски 2, Арсеновски, Димитриоски, Јагуриновски, Миличевиќ, Пучник, Серафимов, Стојановиќ и Велковски.    Седмерци: 0/5.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Дору Манеа и Раду Илиеску од Романија.

Делегат: Јован Попадиќ од Србија.

Прочитано 347 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 4