Несреќен пораз на младинците на Металург во мечот со екипата на Вардар

09.03.2019 23:38
DSC0026_resize

Младинците на Металург одиграа уште еден одличен натпревар, но немаа среќа да освојат бодови на гостувањето кај екипата на Вардар.

Ова беше натпревар од претпоследното, 13. коло, на младинското првенство на Македонија, група 1, а го загубивме со минимални 21:20 (9:11).

Металург имаше постојано водство во најголемиот дел од средбата. Почнавме одлично и уште во раната фаза стекнавме солидна предност од 5 гола, 2:7. До крајот на првото полувреме се водеше голема борба и се играше цврст ракомет, а овој период од играта го добивме со резултат 9:11.

Металург водеше и во текот на првата половина од второто полувреме, се до резултат 13:14, а потоа Вардар направи резултатски пресврт и првпат поведе со 15:14. До крајот на средбата се играше гол за гол, а во финишот имавме и израмнети 20:20. За жал, примивме гол и ја загубивме средбата.

Во последното коло нашите младинци ќе играат во Автокоманда против екипата на РК Јуниор Кисела Вода.

.

РК Вардар – РК Металург  21:20 (9:11)

РК Вардар: Стојковски, Павловски, Атанасовски, Кизиќ, Петков, Димитријевски, Србиновски 4, Грујовски 8, Савревски 3, Анд.Пешевски 2, Димчевски, Мирчевски, Ант.Пешевски, Михајловски и Калајџиевски 4.   Седмерци: 3/3.    Исклучувања:  18 минути.

РК Металург: Ацевски, Димевски 2, Фидановски, Крстев 1, Стојановски, Вељановски 1, Стојчески, Петровски 3, Миндошев 2, Василев, Јорданов, Брестовац, Мелоски 2, Николов 5, Митковски и Андревски 4.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања:  12 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Саздовски Владимир од Скопје.

Прочитано 281 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 8