Неверојатниот Вардар се пласира во финалето на Лигата на шампионите

01.06.2019 19:53
61707227_10156530052713666_6484784168893939712_o

Неверојатен натпревар одигра македонскиот шампион во полуфиналниот дуел со главниот фаворит на турнирот Барселона. По лошото прво полувреме, кое Вардар го загуби со дури седум голови разлика, следеше вистинска експлозија во вториот дел. Вардар не само што ја надомести негативата туку и ја совлада Барселона со два гола разлика, 29:27. Во второто полувреме Барселона беше понижена и целосно надиграна.

Во утрешното финале Вардар ќе се сретне со екипата на Веспрем, а оваа средба е закажана со почеток во 18 часот.

Со среќа Вардаре!

.

Резултати од полуфиналните средби:

Веспрем – Киелце  33:30 (13:13)

Барселона – Вардар  27:29 (16:9)

Утрешна програма:

15.15 часот, средба за третото место:  Барселона – Киелце

18.00 часот, финале:  Вардар – Веспрем

Прочитано 1.460 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 2