НЕВЕРОЈАТНО, НЕКСЕ ПОВТОРНО СЕ ИЗВЛЕЧЕ

05.10.2013 22:25
GIL_4325_resize

za tekst

Неверојатно е што испушти Металург на денешната средба против екипата на Нексе. Кога во 10. минута поведовме со резултат 9:1, единствената асоцијација за крајот на средбата беше катастрофа на тимот од Нашице. Игравме полетно и, пред се, бевме реализаторски расположени. Дури и во 23. минута се уште имавме солидно водство, 14:8. Само детална анализа ќе покаже што се случи во следните 12 минути, во кои примивме 6 гола, а не постигнавме ниту еден. Нексе е симпатична екипа, но е далеку од квалитетот, кој е потребен за да се направи серија од 6:0 против Металург. А, кога во 41 минута гостите преминаа и во водство, 16:17, ѓаволот навистина ја однесе шегата. Металург се врати во игра и во 57. минута имавме предност од три гола, 24:21. Дури и тоа не успеавме да го сочуваме. Неверојатно, ама за нешто повеќе од две минути примивме три гола, без да возвратиме. Средбата заврши со резултат 24:24, а сите ние заминавме со горкото чувство дека Металург повторно си поигра со нервите на своите следбеници и повторно ги разочара. Особено кога се работи за екипата на Нексе, тим кој веќе три години ни го крева притисокот со своите настапи во Скопје. Пред почетокот на средбата Нексе беше нашиот должник, сега по средбата – должник е Металург.

Инаку, одличен настап на Раде Мијатовиќ, кој одбрани 17 удари, меѓу кои и два седмерци.

РК Металург – РК Нексе  24:24 (14:11)

РК Металург: Мијатовиќ (15 одбрани + 2 седмерци), Митревски, Ојлески 1, Димовски, Вугринец 5, Георгиевски 1, М.Манасков, В.Маркоски, З.Мојсоски 2, Н.Маркоски 1, Н.Мојсовски 5, Атман 6, Топиќ, Кеџо 3, Талески и Мандиќ.     Седмерци: 2/6       Исклучувања: 8 минути.

РК Нексе: П.Лелиќ (9 одбрани + 4 седмерци), Пивац, Буреш, Етер 2, Ф.Лелиќ 3, Мрџеновиќ 1, Томас, Кружиќ, Јурјевиќ, Соколиќ, Вујиќ 8, Божиќ Павлетиќ, Сакиќ 3, Вегар 3, Томиќ 3 и Ивиќ 1.     Седмерци: 1/4        Исклучувања: 6 минути.

Судии: Марковиќ Дејан и Боричиќ Марко од Србија.

Делегат: Џурковиќ Божидар од Србија.

 

Прочитано 1.883 пати

(1) Коментар

  1. kako ne vi e sram

Напишете коментар


− 6 = 1