Никола Потиќ е третото засилување во Металург за претстојната сезона

10.05.2020 21:05
Machte-sich-in-der-spanischen-Liga-als-Shooter-einen-Namen_w760_resize

По левиот бек Момир Рниќ и пикерот Бранко Канкараш, Металург денеска се засили и со ракометар кој игра на десната бековска позиција. Се работи за српскиот интернационалец Никола Потиќ (26 г., 203 см., 90 кг.), кој со Металург потпиша едногодишен договор.

Потиќ почна да тренира ракомет во 2003 година во СКБГ, а својот прв професионален договор го има со екипата на Партизан, каде настапувал од 2009 до 2013 години. Потоа, од јануари 2014 до јануари 2015 години, настапува за Крка од Ново Место, за да од јануари 2015 игра за шпанскиот клуб Хуанферс од Хихон. По крајот на сезоната 2014/2015 тој потпиша договор со андалузискиот клуб Анхел Хименез од Пуенте Хенил, а ги бранеше и боите на Кангас, со кого потпиша двегодишен договор од 2016-2017 години и беше 11-ти стрелец на Асобал лигата. Во мај 2018 година, Потиќ потпиша тригодишен договор со ППД Загреб, но не заигра за хрватскиот шампион и се пресели во втората Бундеслига, каде го носеше дресот на Либек Швартау.

Раководството на Металург и во наредниот период ќе работи на засилувањето на тимот, со цел да се добие конкурентна екипа, која рамноправно со најдобрите ќе се бори во сите натпреварувања во кои ќе настапува Металург.

Прочитано 678 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 4