НИШТО НЕ Е ПОВАЖНО ОД УГЛЕДОТ НА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ

07.11.2013 21:01
metaturg-pik0banskoliev (4)_resize

za tekst

На денешниот состанок, одржан на иницијатива на Ракометната федерација на Македонија, клубовите Металург и Вардар се согласија дека натпреварите кои следуваат никако не смеат да го доведат во прашање високиот рејтинг на македонскиот ракомет. На предлог на Металург, кој беше прифатен и од управата на Вардар, договорено е навивачките групи да бидат позиционирани во блоковите Б1 и Б15, во зависност од тоа кој е домаќин на натпреварот. Уште еднаш е покажана добрата волја на двата клуба натпреварите да поминат во најдобар ред, пред се во интерес на македонскиот ракомет, а имајќи предвид дека овие средби се дел од најелитното ракометно натпреварување и треба да претставуваат празник на ракометот и спортот воопшто.

Металург уште еднаш апелира сите директно или индиректно вклучени во ракометот со своите постапки позитивно да влијаат на атмосферата, во пресрет на двата спорски спектакли за се да помине во најдобар ред.

Благодариме на соработката.

Прочитано 1.835 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 5