НИТУ ВЕСПРЕМ НЕ ЈА ПРЕЖИВЕА “АВТОКОМАНДА“

01.02.2014 23:05
MJI_5359_resize

rk-metlurg-logo_final_resize31

Металург вечерва се надмина себе си и го совлада супертимот на повеќекратниот шампион на Унгарија, тимот на Веспрем. Настапивме без исклучително важниот Атман, со недоопоравени и ровити ракометари, како Јоновски, Веле Маркоски и Пецаковски, без моторот на екипата, Наумче Мојсовски, а последните 20 минути и без исклучениот Вугринец, па сепак, го надигравме големиот противник. Веспрем направи се за да не го загуби и вториот натпревар во Скопје, но наиде на мотивиран противник против кого, барем денеска, немаше никакви шанси.

Металург го контролираше натпреварот буквално од првата минута, кога Георгиевски го постигна првиот гол на средбата. Водевме во текот на целиот натпревар, со исклучок на неколку минути во второто полувреме, кога Веспрем ја искористи својата дванаесетминутна предност од играч, па и двајца повеќе, и поведе со резултат 20:21 и 21:22. Во 37. минута Вугринец ја заокружи серијата од 5:1 на Металург и ни ја донесе најголемата предност на натпреварот, 18:13. Кога се очекуваше можеби и катастрофа на Веспрем, дојде до немили сцени кога најпрво е исклучен Миркуловски, а потоа црвен картон доби и Вугринец. На теренот завладеа видлива нервоза, која го расипа пријателскиот карактер на средбата. Исклучувањата во редовите на Металург продолжија, па наредните 12 минути ги одигравме без еден, а на двапати и без двајца ракометари, што секако влијаеше на нашата игра. Противникот ја искористи својата, денес единствена, шанса и го преокрена резултатот. Во такви услови малку кој очекуваше дека Металург ќе најде сили да се врати во игра, но токму тоа и се случи. Предводени од Миркуловски, Станиќ и зачудувачки добриот Циндриќ, Металург се врати во игра, повторно го презеде водството и забележа важна и апсолутно заслужена победа.

Сите се заслужени за победата, но феноменалниот Станиќ, максимално мотивираниот Миркуловски и одличното засилување Циндриќ беа нашите предводници. Особено изненадува зрелата игра на 20-годишниот Циндриќ, кој не продаде ниту една топка и постигна 4 гола во моменти кога се кршеше резултатот. Ретка храброст од еден толку млад ракометар.

Металург – Веспрем  25:23 (13:12)

Металург: Станиќ (13 одбрани + 2 седмерци), Мијатовиќ, Ојлески 1, Димовски 2, Пецаковски 1, Вугринец 6, Георгиевски 2, Манасков 4, Миркуловски 4, В.Маркоски, Мојсоски, Н.Маркоски, Циндриќ 4, Кеџо 1, Јоноски и Мандиќ.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 18 минути.      Црвен картон: Вугринец во 40. минута.

Веспрем: Алиловиќ (7 одбрани), Фазекаш, Виловски, Гулијаш 3, Г.Иванчик 3, Шуч, Т.Иванчик 1, Руесга 1, Илиќ 2, Мочаи, Наѓ 4, Џамали 1, Угалде 2, Чема Родригез 1, Терзиќ 1 и Сулиќ 4.      Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ѓорги Начевски и Славе Николов.

Делегат: Николовски Аце.

Прочитано 4.522 пати

(9) Коментари

  1. Nikoj ne ocekuvase vakvo izdanie na Metalurg posle teskata povreda na Mojsovski i povredata na Atman.

    Ovie momcinja pokazaa kako se igra.

    Bravo za mladiot Cindric. Odigra navistina zrelo i na visoko nivo.

  2. bravo za Metalurg ama ne mi e jasno zasto nisto ne pisavte za katstrofalnoto i provociracko sudenje ???za b
    nerozata krivi bea sudiite i nikoj drug!!!

  3. Честитки за Металург. Неспорна е победата и задоволството си е неминовно, но сепак претставката пријателски повеќе ја испочитуваа ракометарите на Веспрем. На еден опуштен меч каде до израз и на терен би требало да гледаме воигрување и релаксиран пристап избегнувајќи потешки повреди, едноставно не му доликуваа вербални и физички не логички пресметки и црвен картон. Како и да е, одиме понатаму со поддршка за радост од нови победи во СЕХА и ЛШ. Се најдобро

  4. Супер беше играта , претпоставувам дека и двете екипи играа без 100% од можностите , само да си ги видат слабостите и да ги поправат, исто така и добрата игра и нови варијанти да усвојат. Што се однесува до судењето , беше одлично, имено, што ќе се случи утре кога ќе одиш негде на гости и ќе добиеш 10 пати полоши и попристрасни судии, ќе се расправаш со нив?, ќе ги тужиш?, или ќе ги дадеш на врховен?, не требаат психолоѓжшки падови , туку фокусирање на играта и инспирација од тоа како да го победиш противникот , а тие ќе се срамат за своите лоши одлуки, ТРЕБА ИГРА, ИГРА И САМО ИГРА.

  5. Честитки за победата!
    Ве молам за инфо дали ќе има видео да се погледне натпреварот бидејќи не верувам дека ќе го репризираат на ТВ.

  6. Atman e povreden ? nesto seriozno? ili ke se vrati na vreme za liga sampioni

    • Не е ништо сериозно, повеќе ну се даде одмор.

  7. Pozdrav Metalurgu, Makedoniji i Cindriću iz Hrvatske.

Напишете коментар


6 + 2 =