Норвешка го освои бронзениот медал на ЕП 2020

25.01.2020 20:36

Репрезентацијата на Норвешка го доби дуелот со Словенија за бронзениот медал. Норвежаните очигледно психолошки побрзо се опоравија од полуфиналниот шок и денеска целосно ја надиграа Словенија.

Денешниот натпревар во целина беше далеку од квалитетот на еден дуел за трето место и помина без резултатска неизвесност и драма. Норвешка од самиот почеток создаде предност која постепено се искачи до три гола на полувреме 12:9.

Во вториот дел Словенија комплетно се откажа од борбата за бронза, а Норвешка постепено дојде до максималните 9 голови предност.

За Норвешка ова е прва бронза на европските првенства.

Словенија – Норвешка  20:28 (9:12)

Во борбата за 5. место Германија ја совлада Португалија.

Германија – Португалија  29:27 (14:13)

Прочитано 130 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 0