НОВ РЕКОРДЕН МЕСЕЦ НА ВЕБ-САЈТОТ НА МЕТАЛУРГ

01.11.2013 14:51
911627_572093242821532_462890915_n-610x218

za tekst

Веб-сајтот на Металург ги доживува најубавите моменти од своето постоење. Апсолутно најчитаниот спортски клупски сајт во Македонија и овој месец ги помести границите и ги собори сопствените рекорди. За првпат ја надминавме магичната граница од 200.000 посети и за 30 % ја зголемивме читаноста во однос на минатиот месец. Првпат се појавивме и на листата на 100 најпосетувани македонски интернет-страници, од сите области.

Овој месец го завршивме со точно 206.252 посети (просечно по 6.653 посети на ден) и со 584.419 прочитани страници. Нашиот веб-сајт го посетија 70.032 индивидуални посетители од 111 земји, од сите континенти.

Од почетокот на своето постоење веб-сајтот на Металург забележа 2.045.872 посети од 472.519 индивидуални посетители, од 152 земји, кои вкупно прочитаа 6.195.482 страници текст.

Веб-сајтот на Металург наскоро подготвува ново изненадување за своите посетители.

Топ-листа на држави чии граѓани го посетуваат веб-сајтот на Металург:

01. Македонија

02. Србија

03. САД

04. Словенија

05. Германија

06. Хрватска

07. БиХ

08. Швајцарија

09. Италија

10. Бугарија

11. Шведска

12. Франција

13. Шпанија

14. Црна Гора

15. Австралија

Прочитано 545 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 2