Топ Вести

НОВ ВИСОК ПОРАЗ НА НАШИТЕ ЈУНИОРИ ВО БУГОЈНО, КАДЕ ЗАВРШИЈА НА ПОСЛЕДНОТО МЕСТО

05.04.2015 14:38
Capture

za tekst

Македонските јуниори го загубија и последниот натпревар и, со пет порази, завршија на последното место на меѓународниот турнир во Бугојно. Денеска се убедливо поразени од БиХ, со резултат 37:29 (18:15).

За разлика од првиот натпревар меѓу овие две репрезентации, кој го загубивме во последната секунда, денеска не бевме рамноправен партнер. Босанските јуниори очигледно повеќе ја посакуваа победата, која овој пат ја извојуваа на многу полесен начин. Најдобар стрелец на натпреварот беше Владан Лончар (11), момчето што ни ја запечати судбината во последната секунда од првиот меч.

БиХ – Македонија  37:29 (18:15)

Македонија: Даниловски, Трпевски, Велковски 6, Давитковски 2, Ставридис 1, Апостоловски, Кузмановски, Крстевски, Ончев 4, Огњановски 1, Левковски, Димовски 2, Мирчев 4, Палевски 4,  Маркудов 2, Арсеновски 3 и Кизиќ.

Прочитано 687 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 4