Нова победа на кадетите на Металург

13.10.2018 10:45
43756808_2149588201719025_8281270286167310336_n

Во рамките на седмото коло на кадетското првенство на Македонија, група 1, во Автокоманда се одигра натпревар меѓу екипите на Металург и на Шампион.  Видовме интересен натпревар и заслужена победа на нашиот тим, кој го совлада противникот со резултат 33:26 (16:12).

Првото полувреме имаше доста чуден тек. Најпрво противникот го контролираше резултатот и имаше солидно водство од четири гола, 4:8, а потоа иницијативата мина кај нашите ракометари, кои првиот дел го добија со истите четири гола разлика, 16:12.

Во вториот дел Металург имаше целосна контрола врз натпреварот и не му даде шанса на гостинскиот тим да се надева на позитивен резултат. Нашата максимална предност изнесуваше девет гола, а средбата заврши со резултат 33:26.

Ова е четврта победа на нашите кадети, кои имаат и еден нерешен резултат, но и една одложена средба.

.

Металург – Шампион  33:26 (16:12)

Металург: Брестовац, Ацевски, Димевски 3, Стојановски, Блажевски 1, Вељановски, Стојчески, Миндошев 5, Абдулкарим, Јорданов 5, Донев, Василев, Мелоски 9, Николов 2, Стојковиќ и Андревски 8.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 6 минути.

Шампион: Додевски 2, Јосифовски 1, Чолаков 2, Ралев, Аспревски, Соколовски, Серафимовски 3, Фичорски 2, Кочаров, Давески, Ступар, Јанакиевски, Јорданов 5, Богоевски 5, Спиркоски 6 и Дуковски.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 12 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 223 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 − 1 =