Нова победа на кадетите на Металург

07.04.2019 11:10
DSC0319_resize

Ракометарите на кадетскиот тим на Металург во рамките на 12. коло на кадетското првенство на Македонија, група 1, во Автокоманда ја совладаа екипата на Пролет 27:17 (13:9).

Тоа беше уште еден натпревар минат во апсолутна доминација на нашиот кадетски тим. Освен во почетната фаза, кога противникот во два наврати имаше резултатска предност, во сето преостанато време од средбата нашите кадети имаа целосна контрола на се што се случуваше на теренот.

По 12. коло, кадетите на Металург се третопласирани, со само два бода помалку од второпласираниот Аеродром. До крајот на групната фаза ни преостанаа уште само пет натпревари. Дома играме со екипите на Алушовски и на Вардар, а гости сме кај екипите на Македонија ЃП, на Шампион и на Аеродром.

.

РК Металург – РК Пролет  27:17 (13:9)

РК Металург: Ацевски 1, Димевски 2, Фидановски 4, Крстев, Димковски 1, Тотиќ, Стојановски 1, Петровски 3, Јорданов 1, Јазаџиев 2, Петковски 7, Брестовац, Мелоски, Николов 1, Стојковиќ 1 и Андревски 3.    Седмерци: 0/3.   Исклучувања: 4 минути.

РК Пролет: Љубевски, Јовановски 3, Вељановски, Н.Стојановски 1, Даев 5, Матовски 1, Стефановски 1, Б.Стојановски 3, Стојковски, Блажевски, П.Николовски 2, Д.Николовски, Христов, М.Стојановски, Мојсовски и Додевски 1.    Седмерци: 1/3.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Здравковска Адријана и Божиновска Сања од Скопје.

Делегат: Саздовски Владимир.

Прочитано 266 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 1