НОВА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

11.05.2013 22:25
DSC_0353_resize_resize

Во плејаут-фазата, Металург Јуниор го совлада тимот на Преспа 10, со резултат 30:27 (11:13).

До победата дојдовме по тешка и упорна борба, во која противникот беше рамноправен до самиот крај. Јуниор играше брзоплето, со голем број технички грешки. Поведовме со 2:0, но Преспа врати со истата мерка. Веќе во 9. минута работите се променија во корист на противникот, кој поведе со резултат 3:5, а потоа и со 5:7. Најголемата предност Преспа ја создаде во 17. минута, кога поведе со 6:9. Металург се консолидира и, со серија од 4:0, го поврати водството, 10:9. За жал, само за кратко. До крајот на полувремето гостите постигнаа 4, а ние само еден гол, па овој дел од натпреварот заврши со предност на Преспа од 11:13.

DSC_0340_resize_resize

Второто полувреме помина во наша доминација. Веќе во 33 минута израмнивме на 14:14, а во 38. минута повторно го презедовме водството, овојпат до самиот крај. Наша најголема предност имавме во 42. минута, +5, 21:16. Наместо да продолжат во истиот ритам, ракометарите на Металург Јуниор направија нова серија на технички грешки, што противникот го искористи и во 51. минута го израмни резултатот, 22:22. Во следните девет минути, Јуниор заигра многу подобро во одбраната и го заврши натпреварот со позитива од три гола, 30:27.

Најдобар на теренот беше Костески, кој постигна 11 гола, вторпат за две недели. Претходно даде 11 гола против екипата на Куманово.

DSC_0355_resize_resize

РК Металург Јуниор – РК Преспа 10  30:27 (11:13)

РК Металург Јуниор: Кимевски, Даниловски, Бошковски, Пешевски 4, Крстевски 1, Манасков 2, Матијашиќ 1, Велковски, Маркудов, Палевски, Талески 4, Бој.Маџовски 4, Давитковски, Стојановски, Борј.Маџовски 3 и Костески 11.    Седмерци: 6/6.    Исклучувања: 6 минути.

РК Преспа 10: Н.Ставревски, Мешуревски, Шабединовски 2, Најденовски, Камчев 3, Бочкаровски 8, Д.Ставревски, Јошевски 7, Крстевски 2, Ѓоргиевски 1, Василевски 2, Крстановски, Тунтевски 2 и Котевски.    Седмерци: 1/3.     Исклучувања: 10 минути.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Папуџиев Драги од Скопје.

DSC_0367_resize_resize

Прочитано 831 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 5 =