Нова победа на Металург

20.11.2019 19:21
DAR_8679_resize

Во одложената средба од 11. коло, Металург ја совлада екипата на Вардар Јуниор, со резултат 33:31 (15:14).

Иако играше со Вардар Јуниор, со мислите Металург беше на претстојаната реванш средба со Горење од третото коло на ЕХФ-купот. Затоа момците на Зоран Кастратовиќ вложија онолку сили, колку да се освојат трите бодови од овој натпревар. Кастратовиќ максимално ги поштеди своите ракометари, па дел од првотимците не настапија, а дел поголемиот дел од средбата го преседоа на клупа.

Поради сето тоа, изгледаше дека се води рамноправна борба, а таков е и конечниот резултат.

Вардар Јуниор ја искористи својата шанса и на почетокот од средбата имаше и комотно водство, 8:4. Сепак, Металург го засили темпото и постепено ја презеде иницијативата. Првото полувреме заврши со резултат 14:15, за Металург.

Во вториот дел Металург имаше целосна контрола врз средбата. Водевме во текот на сите 30 минути, повремено и со 4 голови разлика, иако и Вардар Јуниор повремено се закануваше и успеваше да го израмни резултатот. Се на се, рутинска победа на Металург, за повторно освојување на врвот на првенствената табела.

.

РК Вардар Јуниор – РК Металург  31:33 (14:15)

РК Вардар Јуниор: Гогов, Јанковски, Чакалиќ 3, Кукуловски 6, Гашовски 2, Јакимовски 1, Карапалевски 2, Андоноски, Анѓелковски, В.Крстевски 1, С.Крстевски 8, Атанасовски 5, Ќосевски 3, Кизиќ и Дука.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.

РК Металург: Ѓорѓески 1, Мијатовиќ 1, Кондев, Јагуриновски 5, Поповиќ 7, Шилегов 4, Танкоски 4, Мариќ 1, Серафимов 3, Лазаревски 1, Младеновиќ, Вујовиќ, Чантурија, Додиќ 2, Маркоски и Арсеновски 4.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

Прочитано 411 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 6