- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
Нова победа на младинците на Металург

Во 12. коло на младинската лига на Македонија, група 1, младинците на Металург извојуваа нова победа, овој пат против тимот на РК Радовиш. Средбата се одигра во Автокоманда, а победата е извојувана со резултат 31:27 (17:13).
Освен на почетокот, кога Радовиш водеше со 0:1 и со 4:5, во сето останато време од овој натпревар контролата и резултатската предност беа во рацете на Металург. Во првото полувреме испитувањето на силите и размената на голови траеше се до 20 минута, а потоа Металург, помогнат од одбраните на Ацевски, успеа да создаде покомотна предност, најпрво со 3, потоа со 4 и на крајот со максималните 5 голови. Првото поувреме заврши со резултат 17:13.
Во вториот дел ништо не се промени во поглед на резултатската разлика. Металург, очигледно задоволен од постигнатото, не се потруди да ја зголеми предноста, но и ги спречи сите обиди на противникот да направи резултатски пресврт.
До крајот на регуларниот дел нашите младинци ќе одиграат уште само две средби. На гости ќе одиграме со екипата на Вардар, а дома со тимот на Јуниор К.В.
.
РК Металург – РК Радовиш 31:27 (17:13)
РК Металург: Ацевски, Димевски 1, Фидановски 6, Крстев 1, Стојановски, Вељановски 3, Стојчески, Ралев, Јорданов 1, Василев, Митковски 2, Брестовац, Мелоски 2, Николов 9, Халиловиќ и Андревски 6. Седмеррци: 5/5. Исклучувања: 4 минути.
РК Радовиш: Авалаџи, Митев 3, Димов 1, К.Петров, Тасевски, Јованов 6, Трајанов 9, Горичев, Н.Петров, Стефанов, Јанковиќ, Ситноски 3, Атанасов 5 и Костадинов. Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 минути.
Судии: Огњановски Марко и Савиќ Дамјан од Скопје.
Делегат: Младенов Сашо од Скопје.