Нова победа на младинците на Металург

10.11.2018 22:42
DSC0073_resize3

Младинците на Металург стигнаа до нова победа, откако во Радовиш го совладаа истоимениот тим, со резултат 20:24 (9:12).

Видовме интересен првенствен натпревар во кој младинците на Металург покажаа повеќе, водеа во најголемиот дел од средбата и заслужено стигнаа до сите бодови.

Првото полувреме мина во израмнета борба. Радовиш беше подобар на почетокот, додека пак на Металург му припадна остатокот од полувремето. Всушност, рамноправно беше се до резултат 8:8, а потоа нашите младинци го презедоа водството и не го испуштија до крајот на средбата. Првиот дел го добивме со резултат 9:12.

Во второто полувреме имавме константно водство и целосна контрола врз средбата. Металург во текот на вториот дел имаше и високи +7, но на крајот му дозволи на противникот да ја намали разликата и да го направи поразот поднослив.

.

РК Радовиш – РК Металург  20:24 (9:12)

РК Радовиш: Авалаџиски, Митев 1, Димов 3, К.Петров, Тасевски, Н.Петров, Јанчев, Ј.Ѓоргиев 8, Томов 5, Јованов 1, Х.Ѓоргиев, Ситноски, Атанасов 2, Костадинов, Трајков и Тушев.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 10 минути.    Црвен картон. Х.Ѓоргиев во 45. минута.

РК Металург: Ацевски, Димевски 2, Крстев, Василев, Стојчески 1, Миндошев 3, Блажевски, Миладиновски, Јорданов 1, Донев 2, Петровски 4, Мелоски 2, Николов 9 и Стојковиќ.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Драган Јовановски и Мирослав Станков од Штип.

Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

Прочитано 194 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 11