НОВА ВИСОКА ПОБЕДА НА БАУЕРФАЈНД

14.05.2012 23:12
DSC_0722_resize

Екипата на Бауерфајнд и натаму е најдобриот тим во мини лигата на “Млекара Здравје Радово“. Иако и други екипи можат да се пофалат со три победи, ракометарите на Бауерфајнд ги совладаа сите свои противници со висока разлика. Во третото коло тие извојуваа победа против тимот на Рено со високо 14:6.

Овој пат победата е остварена со одлична игра во првото полувреме кое заврши со резултат 7:1. Во вториот дел се водеше многу порамноправна борба и овој дел заврши со резултат 7:5 за момците од Бауерфајнд. Петрески кај победникот со 5 и Благопетров кај поразениот со 3 гола беа најефикасни на средбата.

Бауерфајнд – Рено   14:6  (7:1)

Бауерфајнд: Петровски, Трајковски, Олтовски, Николовски, Петрески 5, Антевски 2, Божиновски 2, Ристовски 3, Тасевски, Митиќ 1 и Ангеловски 1.       Тренер: Горан Стојков.

Рено: Благопетров 3, Јовчевски 1, Ангеловски 1, Стојанов, Глигоров, Гонев 1, Марјановиќ, Блажески, Николовски, Симонов, Ковачевски, Панчовски и Стојановски.    Тренер: Никола Матлиевски.

Судија: Кристијан Павловски.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 236 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 5 =