НОВИ БОДОВИ ЗА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

13.10.2013 22:41
DSC_0279_resize

za tekst

Вчера, Металург Јуниор очекувано славеше над екипата на Преспа, со резултат 34:27 (16:14).

Веќе во 5. минута од натпреварот Јуниор создаде разлика од три гола, 4:1, а во 8. минута и плус 4, 7:3. Во тој момент се доби впечаток дека натпреварот ќе биде лесно добиен, но така не мислеа гостинските ракометари, кои во следните осум минути направија серија од 6:1 и преминаа во водство, 8:9. Во 21. минута Преспа дојде до своето највисоко водство од два гола, 10:12. Тоа како да делуваше на нашите ракометари и, почнувајки од резултат 13:14, направивме серија од 6:0, за 19:14, во 33. минута. Стекнатата предност ја одржувавме до крајот на средбата, а највисоката разлика ја имавме при резултат 26:19, во 43. минута. Со позитива од седум гола ја завршивме и средбата.

Во редовите на Јуниор најголем учинок имаше Манасков, со 7 постигнати гола, а се истакна и голманот Ивановски, кој одбрани 10 удари, меѓу кои и еден седмерец. Интересно, освен Матијашиќ, сите наши ракометари се запишаа во листата на стрелците. Башевски, со 8 гола, беше најдобар стрелец кај Преспа и на натпреварот.

Радува враќањето на Г.Крстевски и на Кимевски, кои по тешките повреди повторно се во составот на нашиот тим.

Металург Јуниор – Преспа  34:27 (16:14)

Металург Јуниор: Ивановски (9 одбрани + седмерец), Кимевски (4 одбрани), Блажевски (2 одбрани), Бошковски 1, Пешевски 3, Бешлиевски 2, Костески 5, И.Крстески 2, Манасков 7, Маркудов 1, Талески 5, Давитковски 3, Матијашиќ, Г.Крстевски 3 и Палевски 2.    Седмерци: 0/1.     Исклучувања: 4 минути.

Преспа: Ристевски, Леровски 1, Шабединовски 4, Камчев 6, Недановски, Н.Тасевски 4, В.Тасевски, Јошевски 2, Крстевски, Наумовски, Георгиевски 2, Башевски 8 и Ѓоргиевски.    Седмерци: 3/4.       Исклучувања: 4 минути.

Судии: Трајковски Мирко и Ристовски Даниел од Скопје/Велес.

Делегат: Металари Камер од Скопје.

Прочитано 916 пати

(1) Коментар

  1. Da ne izgubevme od Tatran Presov, Metalurg ke odese pogore na tabelata!

Напишете коментар


8 − = 7