НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО МИНИ-РАКОМЕТ НА РАКОМЕТНАТА АКАДЕМИЈА НА МЕТАЛУРГ

21.12.2012 21:11
17782_458930027451526_1144616643_o_resize

Ракометната академија на Металург овој викенд ќе организира Новогодишен турнир во мини-ракомет за своите школи што се наоѓаат на територијата на град Скопје.

Екипите ќе бидат поделени во четири групи, и тоа:
.
-момчиња родени 2002/2003 година, вкупно 11 екипи,
-девојчиња родени 2002/2003 година, вкупно 8 екипи,
-момчиња родени 2004 и помлади, вкупно 5 екипи и
-девојчиња родени 2004 и помлади, вкупно 4 екипи.
.
Турнирот во мини ракомет ќе се игра на два специјално исцртани терени на мини голови во салата “Автокоманда“ Скопје, во следните термини:
.
– На 22.12.2012 година (сабота) се играат натпреварите по групи, со почеток од 9 до 16 часот,
– На 23.12.2012 година (недела) се играат полуфиналните и финалните натпревари, со почеток во 12.30 часот.
.
За најдобрите екипи ќе следуваат награди како од Металург, така и од нашиот годинашен партнер на ракометните школи, хрватската компанија за производство на флипсови “KANAAN“. Програмата ќе биде збогатена со настапи на девојчињата од “AQUA DANCE CLUB“.
Прочитано 722 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 2