“НОВОГОДИШНИОТ ТУРНИР“ НА МЕТАЛУРГ. ГЕНЕРАЦИЈА 2004 И ПОМЛАДИ. ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ.

23.12.2012 22:11
278788_512365128794344_639822339_o_resize

Денеска е завршено натпреварувањето кај девојчињата и кај момчињата кај генерација 2004 и помали.

Постигнати се следните резултати:

1. Девојчиња:

Нова Македонија – Натурана   7:12

Макстил 1 – Пелистерка   5:11

Нова Македонија – Макстил 1   8:8

Натурана – Макстил 1   5:7

Нова Македонија – Пелистерка   4:10

Натурана – Пелистерка   6:9

Во финале се пласираа екипите на Пелистерка и Макстил 1.

Пелистерка – Макстил 1   9:10 (2:4)

Пелистерка: Јакимовска, Атанасова 7, Богоевска 2, Милошевска, Пејковиќ, Тасевска, Јорданова и Филиповска.

Макстил 1: Рајчинова 2, Петковска 2, Спасевска 5, Маврак, Џигерова Ан. 1, Џигерова Ал., Цековска и Глигоријадис.

Присуствувавме на динамичен и крајно неизвесен натпревар во кој победникот го решија нијанси. Првото полувреме заврши со резултат 2:4, за Макстил 1. Кога очекувавме сигурна победа на Макстил1, се разигра Атанасова, која натпреварот го заврши со 7 постигнати голови. Сепак, на крајот заслужена победа на екипата на Макстил 1.

461127_512364328794424_1344159043_o_resize

2. Момчиња:

Римини – Стоби   4:11

Факом – Дуле 99   13:5

Факом – Стоби   6:8

Римини – Дуле 99   8:5

Римини – Факом   12:14

Дуле 99 – Стоби   2:10

Во финале се пласираа екипите на Факом и Стоби

Факом – Стоби   7:9

Факом: Стаменковиќ, Стојановски 2, Исмаиловиќ 1, Груевски, Ѓоргиев, Димовски, Глигоров, Младеновски и Тасевски 4.

Стоби: Насевски, Стојменов 6, Самоиловски, Валкшиќ, Петров, Брестовац 3 и Димитриоска.

Уште еден неизвесен натпревар, каков што доликува на големото финале. Екипата на Факом, во првиот дел од средбата, одржуваше минимално но постојано водство. Сепак, ракометарите на Стоби покажаа завидна упорност и постојано го напаѓаа резултатот на противникот. Нивното прво водство се случи при резултат 6:5, а своето стекнато водство го задржаа до самиот крај на средбата. Јунак на натпреварот беше Александар Стојменов, со шест постигнати гола. Давид Брестовац беше најкорисен ракометар, бидејќи одлично го бранеше својот гол, а во нападот беше стрелец на три гола.

Фото:

 

Прочитано 564 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 5