Топ Вести

Очекуван пораз на Металург 2 во куп-натпреварот против Вардар

07.05.2018 11:53
_DSC0135_resize

Поради обврските на Вардар во Лигата на шампионите, дури денеска се играат натпреварите од првата четврт-финална група во Купот на Македонија.

Во првиот натпревар младиот Металург 2 се соочи со “невозможната мисија“ во дуелот со актуелниот европски шампион Вардар. Средбата очекувано заврши со убедлив пораз на нашиот тим, кој загуби со 24:52 (12:27). Натпреварот заврши уште во првото полувреме, кое го загубивме со 15 гола разлика, но оваа средба беше добар повод нашите млади ракометари да одиграат натпревар со моќната екипа на македонскиот шампион, а радува и фактот што постигнавме дури 24 гола.

Во вториот натпревар од оваа група ќе се сретнат екипите на Борец и на Металург Јуниор. Големото финале е закажано со почеток во 18 часот, а сите натпревари се играат во малата сала на СЦ “Јане Сандански“.

.

РК Металург 2 – РК Вардар  24:52 (12:27)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.    Гледачи: 50.

РК Металург 2: Василевски (3 одб.), Петковски (4 одб.), Богдановски, С. Додиќ 3, Гошевски 3, Л. Додиќ, Трајковски 4, Лембанов, Младеновиќ 4, Божиновски 1, Тодоров 2, Кондев, Митиќ 3, Ристовски 2, Костески 1, Кофиловски 1.   Седмерци: 1/2.   Исклучувања: 2 мин.

РК Вардар: Ѓорѓески (16 одб.), Милиќ, Стоилов, Недановски 5, Поповски 7, Мораеш 14, Македа 8, Канељас 1, Циндриќ, Чупиќ 9, Војводиќ 8.   Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 2 мин.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.

Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

Прочитано 222 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 5