ОЧЕКУВАН ТРИУМФ НА МЕТАЛУРГ

01.03.2013 20:00
rtfolio-seha-mash-1316551760_resize

Предмалку Металург го совлада тимот на Извиѓач во Љубушки и практично го обезбеди учеството во фајнал-форот на СЕХА-лигата. Металург победи со резултат 27:19 (11:10).

Иако настапи без поголем дел од својот најдобар состав, Металург извојува рутинска победа. Првото полувреме помина во израмнета борба. Металург трипати создаде предност од по два гола, а во 9. минута видовме и гол на младиот Бојан Маџовски, негов втор во СЕХА-лигата. Во овој период од играта, Извиѓач даде солиден отпор и имаше и водство при резултат 1:0, 6:5 и 7:6. Кај нас се истакна Додер, кој постигна три гола од исто толку обиди. Полувремето заврши со минимална предност на Металург, 11:10.

Во второто полувреме Металург го засили темпото и во 36. минута, со головите на Додер (2), Вугринец, Батиновиќ и на Алушовски, создаде убедлива предност, 16:11. Иако Извиѓач вложи напор и на моменти се доближи до резултатот на нашиот тим, сепак, поразот беше неминовен. Во последните седум минути направивме серија од 6:1 и го завршивме натпреварот со убедлива победа, 27:19.

Најдобар поединец на средбата беше Тихомир Додер, кој постигна седум гола од осум обиди.

Со 33 бода од 15 натпревари, Металург го презеде водството во СЕХА-лигата, а за среда, 6 март, е закажан дуелот со второпласираниот тим на Брест Мешков, во „Автокоманда“. Освен оваа средба, до крајот на натпреварувањето ќе играме уште со Загреб (во Загреб) и со Вардар ПРО (во „Автокоманда“).

Металург, веднаш по вечерата, тргнува кон Скопје, каде што се очекува да пристигне околу 10 часот наутро.

РК Извиѓач – РК Металург  19:27  (11:10)

Извиѓач: Јарак, Бубало 1, Зелјиќ 7, Бошњак, Мандиќ, Павлак, Бото, Видовиќ 2, Прскало, Борас 2, Шарац, Ереш 5, Шево, Хрстиќ 1, Нижиќ и Папоња 1.    Седмерци: 2/4.      Исклучувања: 4 минути.

Металург: Станиќ (5 одбрани), Митревски (4 одбрани), Ангелов (4 одбрани), Мандиќ, Батиновиќ 3, Алушовски 2, Ракчевиќ 0/1, Левов 2/2, Димовски 3/3, Маџовски 1/2, Вугринец 6/13, Георгиевски 1/1, Козлина 2/6, Маркоски, З.Мојсоски 0/1 и Додер 7/8.   Седмерци: 1/2.      Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 1.080 пати

(1) Коментар

  1. Резултатот е 19-27 не 27-19 каде што ги пишува стрелците на головите

Напишете коментар


2 + 2 =