ОД ДНЕВНИКОТ НА КАМПОТ: ДЕНЕСКА СМЕ НА РЕД НИЕ, ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

16.06.2015 23:04
_DSC0043_resize

za tekst

Во Металург стана модерно да се опишуваат деновите минати во кампот, па, бидејки ние од Македонска Каменица сме по модата, решивме и ние да учествуваме во таа забава.

Нашиот ден почна како што е ред, со утринското будење, точно во 07.30 часот.

Старите велат – штеди на вечерата, но никако на доручекот:

Бевме многу разочарани, поради дождот што заврна за време на доручекот и поради кој за малку ќе го одложивме утринскиот тренинг. Но, велиме за малку, бидејки сепак огреа сонце и ние веднаш заминавме на терените.

Пред ручекот ни дојде добра идеја – да ви се претставиме, за да видете дека и Каменица има со што да се пофали:

Имаме една лоша и една добра вест. Лошата е – поради времето денеска не отидовме на плажа, добрата е – ќе одиме во Охрид. Но претходно моравме да обавиме една формалност – да ручаме:

Од овој момент почнаа да се редат убавите нешта.

Најпрво имавме тричасовна прошетка по преубавиот Охрид. Како сериозни момци и девојки, не пропуштивме можност да влеземе во сите можни продавници и бутици, да ги пробаме сите видови на сладолед и слатки, а падна и по некое сокче. Нормално, нема се да ви го прикажеме со слики

Колку и да бевме изморени, со огромно задоволство заминавме на попладневниот тренинг, бидејки денеска е дерби-ден, ден за ракометни натпревари.

Овој пат вечерата ја изедовме во рекордно време, а знаете зошто ? Па, по вечерата е прочуениот маскенбал, за кој долго се подготвувавме:

Маскенбалот дојде како врв на денешната забава. Можеме и да се пофалиме – ја одбранивме честа на Каменица, со третото место на нашата Ивана Дончевска:

Така помина овој ден, ден кој сите посебно ќе го паметиме…

Прочитано 930 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 11