ОД ДНЕВНИКОТ НА КАМПОТ: НЕ СМЕ МНОГУ, АМА ОД КАВАДАРЦИ СМЕ

15.06.2015 22:03
_DSC0301_resize

za tekst

Дојдовме од Кавадарци, полни со елан, желни за спорт, но и за авантура. Тоа што го посакувавме го добивме веќе вториот ден.

Но, да тргнеме од самиот почеток.

Будењето го испланиравме за некаде околу седум наутро, нели велат – грабни го денот од сабајле. Е, сега, некој стана веднаш, други, пак, се обидоа да украдат уште барем минута сон:

Бидејки сите го фалат доручекот во хотел “Бетон“, решивме да го провериме тоа:

Е, отсега за поубавото.

Утринскиот тренинг е вистински мелем за секој спортист, а ние секако спаѓаме во таа категорија:

После еден супер тренинг, ни ја исполнија и втората желба – добивме дозвола да се избањаме во прекрасното езеро:

Што сакате кажете, ама по напорен тренинг и долго бањање – треба да се јаде…

Како вистински спортисти, по ручекот се одморивме, собравме сили и повторно на терен. Нема шала, мора да се тренира:

Сметаме дека сега е вистинскиот момент и да се претставиме:

Можеби и не бевме толку гладни, но ред си е ред, а вечерата – вечера:

По вечерата имавме слободни активности. Се дружевме, се забавувавме, ни беше толку убаво што заборавивме да се фотографираме за повечерјето. И затоа, ќе морате да се задоволите со досегашното.

Прочитано 1.458 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 5 =