ОД ДНЕВНИКОТ НА КАМПОТ: НИЕ СМЕ КРАТОВЧАНИ, А ТОА СЕПАК НЕШТО ЗНАЧИ

17.06.2015 20:28
_DSC0027_resize

za tekst

Ние кратовчаните сме скромни луѓе и не се фалиме, барем не секој ден. Ама, бидејки и со голо око се гледа дека сме најдобри во кампот, ред е и ние нешто да кажеме.

Намерно чекавме да дојде среда, бидејки нашата приказна сигурно ќе ги “среди“ сите други.

Денот почна некако мрзеливо, како да знаевме дека надвор почна дожд:

Бидејки нашата девиза е “секогаш први“, први бевме и на појадокот, чисто за да ја оцениме кујната:

За разлика од другите, ние немаме што да криеме и затоа би сакале веднаш и да ви се претставиме:

Знаеме дека нашите фотографии ќе соберат еден куп лајкови, ама таа е цената на славата.

Конечно времето се поправи, од негде се појави и сонцето, па дојде време и за утринскиот тренинг, кој не би го пропуштиле за ништо на светот:

Откако им покажавме на сите дека ракометот го имаме во “малиот прст“, дојде време да се опробаме и во еден друг спорт – во пливањето. Е, сега, ќе речете каква врска има Кратово со пливање, ама ќе згрешите, а еве го и доказот:

Два спорта во три часа е заморно за секого, па затоа повторно бевме први на ручекот:

Откако ги “наполнивме батериите“, а и малку одморивме, бевме подготвени за сите искушенија на потешкиот, попладневен тренинг:

Иако и на вечерата бевме први, јадевме без посебно задоволство, а имавме и причина за тоа. Имено, по вечерата требаше да се организираат “игри без граница“, во кои очекувавме сигурна победа. Но, времето нагло се влоши, надвор почна дожд и игрите беа откажани. Сега се чувствуваме како некој намерно да ни ја скрати победата, која ќе не прославеше во Кратово и околината, и затоа се одјавуваме со фотографиите од вечерата.

Прочитано 1.460 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 8