ОД ДНЕВНИКОТ НА КАМПОТ: НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ, НИЕ СМЕ ОД ШКОЛАТА “АЕРОДРОМ“

14.06.2015 21:41
_DSC0028_resize

za tekst

Не има многу, не има 40 момчиња и девојчиња од школата “Аеродром“. Нестрпливо го чекавме овој ден, денот кога ќе почне летниот камп на Металург. Не чекаат напорни тренинзи, не чекаат натпревари, но се радуваме и на дружењето, на забавата, на играта.

Веќе во осум часот наутро бевме пред салата “Автокоманда“, со нашите родители, кои ни ги дадоа своите последни совети и не испратија во нашатa незаборавна летна авантура.

Иако до Охрид патувавме три часа, не ни беше здодевно. Се дружевме, се фотографиравме, снимавме видео и игравме разни игри. Времето ни мина во еден миг:

Пристигнавме во Охрид и се сместивме во преубавиот хотел “Бетон“. Не е лесно да се распакуваш, особено што бевме нестрпливи да ја запознаеме околината.

 Но, како што велат постарите, најпрво треба да се јаде.

Ова го чекавме цел ден, натпреварот на Македонија со Чешка. Само да знаете колку сме навивале и колку и се радувавме на победата. И да знаете – Лазаров е закон:

После ваков натпревар , тренингот ни дојде како играчка. Можеме ние и многу повеќе од ова:

Шала настрана, сепак се изморивме. И затоа вечерата добро ни дојде:

Многу ни е жал, ама денот заврши. Време е за легнување. Ама утре е нов ден, а ние повторно сме нестрпливи…

Прочитано 1.190 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 0