ОД ДНЕВНИКОТ НА КАМПОТ: НИЕ СМЕ ОБЕДИНЕТИТЕ СИЛИ НА ДАНИЕЛА ТАСЕСКА

21.06.2015 23:04
_DSC0200_resize

za tekst

Доаѓаме од четири различни скопски ракометни школи на Металург, но обединети сме околу нашиот тренер Даниела Тасеска. Заедно сме посилни, а наша девиза е – еден за сите, сите за еден.

Затоа сме непобедливи и затоа со право сметаме дека ние сме најдобрите во кампот.

Откако ја преспавме првата ноќ, наутро бевме подготвени за сите дневни предизвици.

Вчера го пробавме ручекот, ја пробавме и вечерата, но за целосен впечаток ни недостигаше појадокот, па затоа со задоволство се симнавме во ресторанот.

Откако нашето жири, на чело со претседателот на жири-комисијата Матеј Ивановски, се согласи дека храната е одлична, бевме подготвени и за првиот физички напор. Поради лошото време, тренингот беше заменет со долг марш до тобоганите, а патот од 5, 6 километри го поминавме како песна, што е и нормално за нас, кои сме физички подготвени како командоси.

Командоси, не командоси, ама стомаците почнаа да свират, па затоа извршивме десант на ресторанот и ги окупиравме масите, а келнерите, пак, брзо се предадоа, па храната стигна за час. Чиста победа.

Откако успешно ја завршивме операцијата со кодно име “Лапачка“, решивме да излезиме во јавност и да ви ги покажеме нашите лица, па вие да решите има ли на друго место толкава убавина или нема. Веднаш ќе ви кажеме дека нема.

Дојде време за попладневниот тренинг, а времето никако да се среди. Но, за спортисти како нас нема пречки, па одработивме се што беше запишано во тефтерот на тренерите.

Денот заврши како што и треба, со одлична вечера и другарување во кампот.

Прочитано 772 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 5