ОД ДНЕВНИКОТ НА КАМПОТ: НИЕ СМЕ ШАМПИОНСКИОТ ТИМ НА НИКОЛА МАТЛИЕСКИ

22.06.2015 22:24
_DSC0117_resize

za tekst

Навистина ни е жал што моравте да чекате девет дена за конечно да го слушните гласот на вистинските шампиони. Без лажна скромност и без секакво преувеличување, ние сме најдобрите, ние сме шампиони, ма ние сме најблиску до совршенството. Спортисти “до коска“, дисциплинирани како војници, подготвени како нинџи, ние го освоивме кампот веќе по првиот ден од нашиот престој.

Но да не должиме, знаеме дека сте нестрпливи да не запознаете.

И нашиот ден почнува наутро, како и деновите на сите други во кампот.

За разлика од многу други, кои формирале цели комисии за да го оценат квалитетот на храната, ние не бираме и “уништуваме“ се што е на масата.

Е, после појадокот, дојде време за тренинг, а во спортските дисциплини, особено во ракометот, ни нема рамни во кампот. Мислите дека “продаваме магла“ ? Тогаш погледнете ги следните фотографии и оценете ја нашата елеганција во движење, нашата спортска конституција, која веднаш покажува дека сме опасни момци.

Откако ве уверивме дека со нас нема шега, решивме да ви покажеме дека, и покрај се, ние сме пријатни и дружељубиви момчиња, кои знаат да воспостават контак со другите во кампот, па затоа сите заеднички ја посетивме хотелската плажа. Вистинска штета е што временските услови не дозволуваа капење во езерото, инаку ќе видевте чуда од пливачки техники и вештини.

После напорен тренинг и забава на плажа, ручекот дојде како порачан:

Конечно дојде време и да ви се претставиме, да видете кој сме, што сме.

Попладневниот тренинг помина во салата на ОУ “Глигор Прличев“ во Охрид. Одиграмне неколку натпревари и сметаме дека оставивме одличен впечаток. Тоа го велиме од скромност, бидејки фотографиите ќе ви ја покажат сета нашата ракометна доминантност во однос на сите наши противници.

Крајно богатиот и возбудлив ден заврши со традиционалниот маскенбал. Бевме толку возбудени, што ја излапавме вечерата без да ви доставиме фото-докази за тој чин.

Но возбудата се исплати, бидејки маскенбалот помина во целосна наша доминација. Го освоивме првото и третото место, со што го докажавме тоа што го тврдевме од самиот почеток – ние сме шампионски тим, ние сме најдобри, скоро идеални.

Прочитано 1.217 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 8