ОД ДНЕВНИКОТ НА КАМПОТ: ПРИЛЕПЧАНИ КАКО И СЕКОГАШ – ПРВИ ВО СЕ

20.06.2015 22:49
_DSC0067_resize

za tekst

Знаете ли каде пукна првата пушка ? Па во Прилеп. Е затоа немојте да се чудите што ние први од нашата смена решивме да го кажеме своето и, нормално ако треба, и да се пофалиме, особено кога имаме и со што.

Први стигнавме во Охрид и во хотелот “Бетон“, за, како што се вели, да си земеме на време се што си е наше. Први стигнавме, први и се сместивме:

Први бевме и во ресторанот, па ги фативме најубавите места. Таман на време, за да го дадеме своето стручно мислење за хотелската кујна.

Откако кујната доби преодна оценка, а добрата храна ни го подигна расположението, решивме дека дојде вистинскиот момент да ви се претставиме, да видете за каква убавина се работи:

Е, конечно дојде време за првиот тренинг, можност да ви покажеме дека ракометот можеби не сме го измислиле ние, ама сигурно е дека сме го усовршиле:

После ваков тренинг остана само да ја лапнеме вечерата, малку да се измешаме со останатите во кампот, па на заслужен одмор

Иако дојдовме во 12 часот и ви го раскажавме својот најкраток ден во кампот, како што видовте – имавме што да ви кажеме.

Прочитано 1.241 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 6