ОД СТРУЧЕН АГОЛ: РУСИЈА НИ ЛЕЖИ

16.01.2013 11:23
goran_gjorgonoski1

Го­ран Ѓор­го­но­ски

Де­неш­ни­от про­тив­ник на СП во ра­ко­мет, Ру­си­ја, е ед­на од ре­тки­те ре­пре­зен­та­ции со кои има­ме по­зи­тив­ни искус­тва на ми­на­ти­те го­ле­ми нат­пре­ва­ру­ва­ња (ЕП во Ита­ли­ја и СП во Хр­ват­ска). Тоа е се­лек­ци­ја со слав­но ми­на­то, но и се­лек­ци­ја во го­ле­ма кри­за пос­лед­ни­ве 5-6 го­ди­ни.

Ру­си­ја на ова СП за­ми­на со из­ме­нет со­став и со не­кол­ку но­ви игра­чи. Пред сѐ ту­ка се мис­ли на но­ви­от се­ле­ктор Олег Ку­ле­шов, по­ра­не­шен ре­пре­зен­та­ти­вец од ви­сок ка­ли­бар, но и на двај­ца­та на­ту­ра­ли­зи­ра­ни игра­чи Сер­геј Хар­бок (Бе­ло­ру­си­ја) и Сер­геј Шел­мен­ко (Укра­и­на). Хар­бок игра на по­зи­ци­ја лев бек, а Шел­мен­ко е де­сен бек и играч што е од­ли­чен де­фан­зи­вец. И двај­ца­та се го­ле­ми за­си­лу­ва­ња за ре­кон­стру­и­ра­на­та се­лек­ци­ја на Ру­си­ја. Ку­ле­шов, ка­ко и што се оче­ку­ва­ше, ја за­бр­за тра­ди­ци­о­нал­но бав­на­та игра на „збор­на­ја“ и тоа во го­ле­ма ме­ра ќе ни ја отеж­не ра­бо­та­та во ду­е­лот со нив.

На крил­ни­те по­зи­ции се по­пу­лар­ни­те Ди­би­ров и Шин­дин, а на пи­вот­мен­ска­та по­зи­ци­ја со го­ди­ни е не­за­мен­ли­ви­от Ми­ха­ил Чи­пу­рин. Гол­ма­ни­те ве­ќе по­дол­го вре­ме не се нив­на нај­до­бра стра­на (од пен­зи­о­ни­ра­ње­то на Ла­вров), но гле­да­ме де­ка на ова СП и трој­ца­та до­би­ја шан­са што ја иско­ри­сти­ја во це­лост.

Од­бра­на­та е стан­дард­на, 5-1, со „ма­ли­от“ Ти­мур Ди­би­ров ка­ко т.н. „Ин­ди­ја­нец“ во функ­ци­ја на за­ба­ву­ва­ње на про­тив­нич­ки­от на­пад, до­де­ка на ли­ни­ја­та од шест ме­три се „ин­ста­ли­ра­ни“ ви­со­ки­те Шел­мен­ко (Игроп­лу­ло), Ев­до­ки­мов и Рас­твор­цев. На­кра­тко, игра­ат пли­тка и ви­со­ка од­бра­на 5-1, ко­ја Ма­ке­до­ни­ја во ми­на­то­то зна­е­ла да ја раз­бие.

Во на­па­дот се­га мно­гу ра­бо­ти за­ви­сат од Сер­геј Хар­бок ка­ко гла­вен по­тро­шу­вач на топ­ки и од дес­ни­от бек Кон­стан­тин Игро­пу­ло, ка­ко мно­гу иску­сен и ква­ли­те­тен играч. Но­ви­на во овој си­стем на игра на Ку­ле­шов се двај­ца­та игра­чи на сре­ден бек Па­вел Ат­ман и Дми­три Жит­ни­ков, кои уоч­ли­во е де­ка мно­гу ја за­бр­заа игра­та на тра­ди­ци­о­нал­но те­шка­та ру­ска ар­ти­ле­ри­ја и вне­соа скан­ди­нав­ски шмек во на­чи­нот на игра.

Клу­чен фа­ктор на овој нат­пре­вар мо­же да би­де на­ши­от ефи­ка­сен на­пад (со ми­ни­мум тех­нич­ки гре­шки), кој не­ма да доз­во­ли „лес­ни“ го­ло­ви на Шин­дин и осо­бе­но на Ди­би­ров. Во си­ту­а­ци­ја на по­ста­вен на­пад Ру­си­ја ќе се пот­пре на ин­ди­ви­ду­ал­ни­те ква­ли­те­ти на Хар­бок и на Чи­пу­рин, а Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се спра­ви со та­ка по­ста­ве­ни­от на­пад.

На овој нат­пре­вар Ма­ке­до­ни­ја е таа што тре­ба бр­зо да се транс­фор­ми­ра во кон­тра­на­пад и да фор­си­ра по­бр­за игра за да не се до­ве­де во си­ту­а­ци­ја да ре­ша­ва на по­ста­ве­на ви­со­ка од­бра­на на Ру­си­те. Те­мел­ков по­втор­но го оче­ку­ва­ме на „двој­ка“ во од­бра­на за да мо­же Ки­ре Ла­за­ров да ја пов­ле­че по­лу­кон­тра­та и да по­де­ли не­кол­ку аси­стен­ции до Ма­на­сков и дру­ги­те. Исто та­ка, се­ле­кто­рот Шун­дов­ски ќе мо­ра да нај­де на­чин со ми­ни­мум из­ме­ни (игра­чи што игра­ат во два прав­ци или Мој­сов­ски во еден пер­и­од да игра од­бра­на) да ги пре­тр­ча Ру­си­те.

Ки­рил Ла­за­ров и На­ум Мој­сов­ски во на­па­дот си­гур­но ќе би­дат глав­ни дви­га­те­ли и тие нај­че­сто ќе ја ре­ше­тат мре­жа­та на про­тив­ни­кот. На Ри­стов­ски му ле­жат ру­ски­те кри­ла, и од тоа најм­но­гу ќе про­фи­ти­ра фе­но­ме­нал­ни­от Де­јан Ма­на­сков со атра­ктив­ни го­ло­ви од кон­тра и по­лу­кон­тра. Тоа е ре­цеп­тот и си­гур­но го знае и се­ле­кто­рот. Тре­ба да сме дис­цип­ли­ни­ра­ни и сѐ ќе си дој­де на ме­сто.

Авто­рот е по­ра­не­шен ма­ке­дон­ски ре­пре­зен­та­ти­вец.

Прочитано 447 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 2 =