ОД ТАБОРОТ НА МЕТАЛУРГ

10.02.2012 11:36
ljambe magareto.

Металург полека ги завршува своите обврски во Пореч. Во 12.00 автобусот ќе ја однесе екипата во Копер. Атмосферата во тимот пред утрешниот натпревар е одлична и сите ја сфаќаат тежината и значењето на оваа средба. Вчерашната висока победа на Висла Плоцк во мечот против Констанца додатно ја оптерети нашата позиција на табелата. Утре играме натпревар кој мораме да го добиеме за освојувањето на втората позиција во групата но во кој фаворит е сепак домашниот состав. Разликите во квалитетот на двата тима се мали и домашниот паркет и публика се елементи кои можат да превагнат во корист на противникот. Додатно кружат информации дека ракометарите на Цимос се посебно мотивирани за оваа средба и се сигурни дека ќе го победат Металург. Нашите аргументи се познати. Металург ќе стори се за да дојде до успех. Натпреварот со Нексе е заборавен, поуките извлечени. По вчерашниот успех на Висла и оваа екипа влегува во борба за висока позиција, особено што во следното коло дома го дочекува Металург а во последното коло му гостува на одамна отпишаниот и финансиски разнишаниот Ст.Петерсбург.

Тоа што загрижува е здравствениот билтен во екипата. Тие што внимателно го читаа писмото што Металург го испрати во СЕХА, сигурно забележаа дека е спомната загубата на двајца ракометари. Покрај Ракчевиќ, на тој натпревар е повреден и Ацо Јоновски кој доби истегнување на мускулот на листот на ногата. Ацо тешко се движи и мали се шансите да настапи на утрешниот натпревар. Сепак, последен ќе биде зборот на лекарите.

За сите кои се интересираа какви ќе бидат солуциите за пикерската позиција, Металург во оваа фаза и нема избор бидејќи е тешко на брза рака да се најде добар пикер кој нема сезонава настап во Л.Ш.

Прочитано 792 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 3