Од утре се игра петтото коло на Лигата на шампионите. Распоред и сатница

18.10.2019 22:02
64865816_10156582041083666_5019685534767775744_o

Во претстојните два дена ќе се одигра комплетното петто коло на групната фаза на Лигата на шампионите. Македонските претставници ќе имаа значајни средби. Вардар, по смената на тренерот, ќе се обиде да го преболи тешкиот пораз против Кил во Скопје, но за противник ќе го има гигантот Веспрем. Еурофарм Работник, пак, има убава шанса за втора едноподруго победа, бидејќи во Битола ќе игра против Татран Прешов, кој сезонава е непрепознатлив и без бодови. Инаку централниот натпревар ќе се игра во Барселона, каде каталонскиот гигант ќе се соочи со непоразениот ПСЖ.

.

Распоред и сатница:

19.10.2019 г., 15.30 ч.:   Порто – Мотор Запорожје   (Б)

19.10.2019 г., 17.15 ч.:   Монпелје – Кил   (Б)

19.10.2019 г., 17.30 ч.:   Веспрем – Вардар   (Б)

19.10.2019 г., 18.00 ч.:   Мешков Брест – Киелце   (Б)

19.10.2019 г., 18.00 ч.:   Кристијанштад – Чеховски Медведи   (Д)

19.10.2019 г., 20.00 ч.:  Барселона – ПСЖ   (А)

20.10.2019 г., 12.10 ч.:   Бидасоа Ирун – Савехоф   (Ц)

20.10.2019 г., 15.10 ч.:   ГОГ – Кадетен Шафхаузен   (Д)

20.10.2019 г., 16.00 ч.:   Висла Плоцк – Динамо Букурешт   (Д)

20.10.2019 г., 16.50 ч.:   Алборг – Фленсбург   (А)

20.10.2019 г., 17.00 ч.:   Цеље ПЛ – Елверум   (А)

20.10.2019 г., 17.00 ч.:   ППД Загреб – Пик Сегед   (А)

20.10.2019 г., 17.00 ч.:   Еурофарм Работник – Татран Прешов   (Ц)

20.10.2019 г., 18.00 ч.:   Кокс – Спортинг Лисабон   (Ц)

Прочитано 324 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 3