Од утре во Автокоманда ќе се бијат завршните битки во Купот на Македонија

12.05.2021 10:48
DSC_0163_resize5_resize_resize

Автокоманда во наредните три дена ќе биде епицентар на ракометот во Македонија. Овде ќе се бијат завршните битки во Купот на Македонија, во машка и во женска конкуренции.

Турнирите ќе бидат во организација на РФМ, а Металург ќе партиципира во двете конкуренции, во машка заедно со Вардар, Бутел и со Еурофарм Пелистер, а во женска со ЖРК Куманово, ЖРК Вардар и со ЖРК Чаир.

Распоред на завршните турнири:

13.05.2021 (Четврток)

Полуфинале мажи:

Полуфинале 1:  РК Металург – РК Вардар 1961, со почеток во 16.30 часот на МТВ 3

Полуфинале 2:  РК Бутел Скопје – РК Еурофарм Пелистер, со почеток во 19.00 часот на МТВ 3

14.05.2021 (Петок)

Полуфинале жени:

Полуфинале 1:  ЖРК Куманово – ЖРК Металург, со почеток во 15.30 часот (Live streaming)

Полуфинале 2:  ЖРК Вардар – ЖРК Чаир, со почеток во 18.00 часот (Live streaming)

15.05.2021 (Сабота)

Финале за жени, со почеток во 14.30 часот на МТВ 3

Финале за мажи, со почеток во 17.30 часот на МТВ 1

Трофеите ќе ги бранат РК Металург во машка и ЖРК Куманово во женска конкуренции.

Прочитано 144 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 1