ОДЛИЧНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА МЕТАЛУРГ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

02.10.2013 14:22
GIL_1984_resize

za tekst

Избраниците на Червар по двете одиграни кола (Тун и ПСЖ) се со 60,7 отсто успешна реализација во нападот, односно 51 гол од 84 обиди. Во првиот меч со Тун, Металург постигна 23 гола од 34 обиди (67,6 отсто), а против ПСЖ реализира 26 гола од 50 шута (56 отсто). Вкупно седум играчи на „сините“ се впишаа во листата на стрелците по двата меча, а единствен со 100-отстотна реализација (шест гола од шест обида) е Гоце Георгиевски. Над 50 отсто реализација имаат и Дејан Манасков (87,5 отсто), Ванчо Димовски (60 отсто), Наумче Мојсовски (57,8 отсто) и Филип Миркуловски (66,6 отсто, но на еден меч).

Десното крило Георгиевски има 100-отстотна ефикасност на двете средби. Против Тун на гости постигна два гола, а против ПСЖ четири пати ја затресе противничката мрежа. Експлозивното лево крило Мансков, пак, постигна седум гола од осум обида (87,5 отсто). Во Берн имаше три од три, а во Скопје минатата сабота поентираше четири пати (два од централната бековска позиција), а само еднаш не ја погоди целта (и тоа по одбиена топка од пикерска позиција). Обајцата по двете одиграни кола придонесоа за својот тим со 13 гола од 14 удари, или 93,75 отсто, што е многу висок процент, кога станува збор од оваа позиција на теренот.

Гоце Илковски.

Goce Georgievski 1_resize

Фотографијата е сопственост на порталот “Република“

Прочитано 1.373 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 2