Одложен е фајналфорот во СЕХА-лигата

19.03.2020 10:53
4040_1555664875

Во врска со настанатата ситуација со епидемијата на коронавирусот, раководството на СЕХА-лигата го одложи завршниот турнир на лигата.

Фајналфор турнирот требаше да се игра од 3 до 5 април во хрватскиот град Задар, но се одложува на неодредено време. Во моментов не постојат технички услови за одигрување на завршниот турнир, поради ширењето на пандемијата на коронавирусот и неодиграните возвратни натпревари од четврт-финалната фаза.

Учесници на завршниот турнир се ППД Загреб од Хрватска и Мешков Брест од Белорусија, а Вардар и Веспрем треба да ги одиграат возвратните натпревари во кои се фаворити против Нексе од Нашице и Војводина од Нови Сад, бидејќи извојуваа победи на гости.

Неизвесно е кога ќе биде одигран Ф4 турнирот, бидејќи секојдневно се следи ситуацијата со ширењето на коронавирусот и заклучно со резултатите во следниот период ќе бидат пронајдени алтернативни термини во календарот.

Прочитано 20 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 4