Одложен натпреварот Работнички – Металург

05.10.2019 16:48
DAR_4391_resize

Натпреварот од петтото коло на македонската Суперлига, меѓу екипите на Работнички и на Металург е одложен поради технички причини. Имено, домаќинот не успеа да обезбеди доктор за средбата, па, по изминувањето на потребните половина час, делегатот ја одложи средбата.

Овој натпревар ќе се одигра  во друг термин, кој наскоро ќе биде познат.

Прочитано 530 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =