Одложена е средбата меѓу екипите на Младост и на Металург

24.09.2020 21:29
thumbnail_MJI_5864

Средбата од петтото коло на групата “Б“, меѓу екипите на Младост Богданци и на Металург, која требаше да се одигра утре со почеток во 20.30 часот, е одложена.

Средбата е одложена на барање на Металург, поради нашите обврски во ЕХФ Лигата на Европа.

Новиот термин за одигрување на овој натпревар ќе биде дополнително утврден.

Металург на 29 септември во Цирих ќе го одигра возвратниот натпревар со екипата на Криенс, во рамките на второто квалификациско коло, последно пред групната фаза. На оваа средба патуваме со два гола предност стекнати на мечот во Скопје.

Прочитано 107 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 1