Топ Вести
- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
Одложена е средбата меѓу Металург и Фиверс во Лига Европа
22.11.2020 20:44

Коронавирусот уште еднаш е причина за одложување на натпревар на Металург во Лига Европа. Овој пат се работи за средбата на нашиот тим со австриската екипа Фиверс, која требаше да се одигра во вторник во Скопје.
Причината е кај екипата на Фиверс, кај која се дијагностицирани неколку позитивни случаи на Ковид 19. Фиверс од австриските властите доби наредба веднаш комплетен да замине во карантин, па затоа оваа средба е одложена и ќе се одигра во некој друг термин.
Следна наша шанса да одиграме домашен натпревар во Лига Европа е на 1 декември, кога во Скопје ќе треба да гостува тимот на Чеховски Медведи. Но, и таа средба е под прашање, бидејќи во моментов рускиот претставник има повеќе позитивни ракометари, на чело со тренерот Максимов.