Одложена е ждрепката за групната фаза на Лига Европа

01.10.2020 11:10
20200728-elw-draw-balls

Ковид 19 уште еднаш стана причина за одложување на еден ракометен настан. Ждрепката за групната фаза на Лига Европа, место денеска ќе се одржи утре, во истото време.

Причина за одложувањето е позитивниот тест кај еден член од техничкиот персонал на ЕХФ задолжен за спроведување на разните протоколи. Бидејќи тоа повлече и изолација на сите кои беа во контакт со заболениот, а за кратко време беше невозможно да се најдат нови лица, ждрепката е одложена за 24 часа.

Како што е веќе познато, Металург своите противници ќе ги чека сместен во шестиот шешир. Вториот македонски претставник, екипата на Еурофарм Пелистер, е сместен во третиот шешир. Поради полудиригираната ждрепка, македонските претставници нема да бидат избрани во иста група.

Прочитано 107 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 1