ОДРЕДЕНИ СЕ ОСМИНАФИНАЛНИТЕ ГРУПИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

15.04.2014 13:51
AND_9124_resize

za tekst

Денеска се извлечени четирите осминафинални групи во Купот на Македонија.

За нас интересни се групите 1 и 4 во кои ќе настапат нашите екипи, Металург Јуниор и РК Металург.

Во групата 1, чиј домаќин е Вардар, ќе настапат екипите на Металург Јуниор, на Вардар и на Охрид. Прво ќе играат Вардар и Охрид, а победникот ќе се сретне со Јуниор.

Во групата 4, чиј домаќин е Металург, ќе настапат екипите на Металург, Јехона, на Пелистер и на Прилеп. Полуфиналните двојки се Металург – Јехона и Пелистер- Прилеп.

Натпреварите ќе се одиграат на 26 и на 27 април, а победниците од сите четири групи ќе обезбедат учество на фајналфорот, кој ќе се одржи во Охрид, 17 и 18 мај.

Бранител на трофејот е нашиот Металург.

Прочитано 1.892 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 1