Топ Вести

ОДРЕДЕНИ СЕ ПОЛУФИНАЛНИТЕ ДВОЈКИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

27.04.2015 11:02
MJI_411_resize_resize-610x218_resize

za tekst

Извлечена е ждрепката за полуфиналните двојки на завршниот турнир во Купот на Македонија, каде повторно се очекува реприза од минатогодишното финале, меѓу екипите на Металург и на Вардар. Бранител на титулата е екипата на Вардар.

Полуфинални двојки:

Тинекс Пролет – Металург

Вардар – Зомимак

Завршниот турнир ќе се игра на 16 и на 17 мај, во арената “Јане Сандански“, а организатор ќе биде РФМ.

Термините ќе бидат дополнително одредени.

Во истата сала и на истите дати ќе се игра и завршниот турнир во женскиот Куп на Македонија. И тука се очекува реприза од минатогодишното финале.

Полуфинални двојки се:

Пелистер – Металург

ЖРК Вардар – ЖРК Вардар СЦБТ

Прочитано 1.224 пати

(1) Коментар

  1. super

Напишете коментар


− 4 = 2