Оливер Димитриоски: Иако резултатот не ни е во прв план, јас сум оптимист за средбата со Извиѓач

17.09.2018 11:44
_DSC0001_resize

Металург денеска одржа прес-конференција по повод средбата со Извиѓач во рамките на СЕХА-лигата. Во отсуство на Данило Брестовац, кој има помали здравствени проблеми, своите размислувања за претстојниот натпревар ги дадоа помошник-тренерот Оливер Димитриоски и пикерот на Металург Милан Лазаревски.

.

Оливер Димитриоски: “В среда играме со екипата на Извиѓач којa исто така има загубено три натпревари во првите три кола. Кај нас и натаму најголем проблем се повредите и јас само се надевам дека ситуацијата ќе се среди до среда. Под знак прашалник повторно ќе бидат Јагуриновски и Велковски. Се надевам на позитивен резултат, иако тоа не ни е во преден план, туку создавање на тим кој ќе може да ги даде резултатите за неколку години“.

Милан Лазаревски: “Уште на почетокот на сезоната ни се случија голем број повреди. Се враќаме по поразот од Лигата на шампионите, кој јас лично тешко го преболувам. Кратката клупа за нас е кобна на секој натпревар. Тактички ние добро сме подготвени, но физички не издржуваме и тоа ни се случува на секој натпревар. Секако, малиот број на играчи во ротација не треба да ни биде оправдување, па, и покрај тешките околности, треба да направиме нешто повеќе и да покажеме дека вредиме. Против Извиѓач ја гледам шансата за прва победа во оваа сезона. Победата ќе влијае на подигувањето на самодовербата кај нашите играчи, а тоа е многу значајно. Ние сме благи фаворити и убеден сум дека ќе го запишеме првиот триумф“.

.

Фото:

Прочитано 370 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 3