Оливер Димитриоски се стекна со мастер лиценца

26.12.2019 17:39
81227967_3059347317432274_548963778968944640_n_resize

Тренерот на кадетскиот тим на Металург, Оливер Димитриоски, се здоби со мастер лиценца.

На семинарот во Србија, Димитриоски ја одбрани својата тема и им се приклучи на македонските тренери, кои поседуваат таква лиценца, која им овозможува да водат силни клубови и репрезентации.

Димитриоски го предводеше Металург на последното финале на Купот на Македонија во Куманово, во кое славеше Металург и ја освои својата шеста титула во Купот.

Честитки за Димитриоски.

Прочитано 214 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 14