Оливер Димитриоски: Успехот им припаѓа на играчите – тие “изгинаа“ за него

12.05.2019 04:12
finale-cup-2019-14_resize

Секако еден од најсреќните по финалната средба беше тренерот на Металург Оливер Димитриоски. Оливер Металург го води по заминувањето на Данило Брестовац и ова е негов најголем успех во досегашната тренерска кариера.

Сепак, успехот и славата Димитриоски скромно им ја препушти на своите ракометари, кои според него “изгинаа на теренот“.

.

Остваривме голема победа против комплетниот и силен Вардар. Не верувам дека Вардар го потцени Металург, можеби влезе со мала доза на резерва, бидејќи наскоро го чека фајналфорот во Лигата на шампионите. Ние имавме контрола врз натпреварот, не попуштивме во ниту еден момент и имавме огромна желбата за победа. Ни се даде шанса, ја искористивме и го зграпчивме пехарот. Овој успех е на моите ракометари, кои одиграа максимално тимски и посветено и кои “изгинаа на теренот““, рече Димитриоски.

Прочитано 1.167 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 4