Оливер Димитриоски: Во финишот одигравме баш онака како што се договоривме.

19.12.2018 00:26
DSC0004_resize2

По средбата со Извиѓач, се одржа редовната прес-конференција, на која своите коментари ги дадоа тренерите и одбраните ракометари од двата тима.

.

Оливер Димитриоски: “Во финишот одигравме баш онака како што се договоривме. Направивме се на начинот на кој сакавме да реагираме и дојдовме до нова победа. Првото полувреме не беше добро, многу грешевме. Но, фативме ритам, дојдовме до меч-топка и ја искористивме“.

Александар Шпенде: “Одигравме еден добар натпревар со многу голови. Тесниот финиш беше најдоброто што можеше да го понуди овој натпрева. Среќни сме со резултатот и сега влегуваме во паузата во добро расположение“.

Марио Бјелиш: “Од самиот почеток се тргна спротивно од тоа што го планиравме. Направивме премногу грешки во нападот, кои се типични за нас. Не е лесно да се загубат три натпревари за три дена, а веќе за три дена не чека нов натпревар во националниот Куп и ние ќе треба да се сконцентрираме на таа средба“.

Милош Кос: “Имавме ние свои шанси на денешната средба, но не ги искористивме. Натпреварот го решија нашите грешки“.

Прочитано 366 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 3